Фото: CDC на Unsplash

Кина уапси предводник на криминална измама со лажни вакцини против ковид-19, „тешка“ милиони долари. Човекот идентификуван само како „Конг“ стана најновиот од околу 70 лица досега уапсени во Кина поради измами со лажни вакцини, јави Би-би-си.

Конг пакувал солени раствори или минерална вода во шишенца со вакцини, а внимателно го проучувал и го ископирал пакувањето на вистинските вакцини пред да наполни околу 58.000 шишенца. Дел од вакцините биле прошверцувани и во странство – 600 биле пратени во Хонг Конг, а од таму прошверцувани во странство.

Според досегашните сознанија, криминалната група предводена од Конг од оваа измама спечалила најмалку 18 милиони јуани (2,8 милиони американски долари)

Кина имаше слични случаи во минатата година, а ова е една од првите вакви измами со вакцини што се откриени годинава.