fbpx

Кенијците Онезмус и Черотич најбрзо го истрчаа „Скопскиот маратон“

-

На 18-тото издание на „Скопскиот маратон“ победија кенијците Онесмус Киплимо Киплагат во машка и Кетрин Черотич во женска конкуренција. На спортското натпреварување учествуваа над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот.

Победникот во машка конкуренција Онесмус Киплимо Киплагат успеа да истрча со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28.

Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.

Во машка конкуренција од македонските натпреварувачи, прв до целта стигна Дарио Ивановски со време од 02:23:07, второто место му припадна на Никола Илиевски со време од 02:43:28, додека на третото место заврши Миле Бачески со време од 02:45:29.

Од женските претставници на Македонија, првото место го освои Билјана Кираџиева со време од 03:04:49, второто место и припадна на Тамара Попов со време од 03:23:00, а на трето место заврши Весна Кираџиева со време од 03:44:09.

Најдобар на полумаратонот во машка конкуренција и во категорија на македонски атлетичари е Жан Тошев со време од 01:11:56, на второ место заврши Иван Пешовски со време од 01:13:24, додека третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 01:13:45.

Победничка на полумаратонот во женска категорија и со нов рекорд на патеката е Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, пиедесталот го пополнија е Греса Бакрачи од Косово со време од 01:22:54 на второто место и Миљана Ристиќ со време од 01:28:01 на третото место.

Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки на полумаратонот, првопласирана Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, на второ место за време од 01:28:01 заврши Миљана Ристиќ, а на трето место е Марина Домазетовска со време од 01:33:54 .

Победници на најкратката трка по должина, 5км, беа Григоријан Никовски за време  00:17:00 во машка конкуренција, втор заврши Јован Костовски за време 00:17:23 и трет беше Христијан Танески за време 00:17:36, додека кај дамите друштво на пиедесталот на победничката Одета Белегу за време 00:20:07 и правеа Ирма Хајдари за време 00:20:21 и Магдалена Станковска за време 00:20:36.

Виз Ер Скопски маратон е организиран од страна на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, Министерството за внатрешни работи е партнер на маратонот, а како и секоја година оваа најмасовна спортска манифестација е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...