fbpx

Ќе се вработат 134 невработени лица, а за нив буџетот е 11 милиони денари

-

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја најави мерката субвенционирано вработување лица во социјален ризик, како и помош за приватниот сектор со директни субвенции да отворат нови работни места за овие категории граѓани.

Преку субвенционираното вработување лица со социјален ризик, ќе се опфатат примателите на социјална парична помош, жртвите на семејно насилство, лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и без родителска грижа.

– Со мерката се опфатени и лицата што имаат ниски приходи, односно корисниците што во минатото користеле условен паричен надомест за редовно школување, што доаѓаат од семејства кои во минатото биле приматели на социјална парична помош, лицата со ниски приходи, односно приходи пониски од 50 проценти од просечната плата во Република Македонија по член на семејство, како и млади лица до 29 години чии семејства, исто така, имаат ниски приходи – изјави Спасов при посетата на дисперзираната канцеларија на Центарот за вработување – Скопје, во општина Ѓорче Петров.

Субвенциите се поделени на две главни групи. Во првата група ќе се субвенционира бруто-плата за вработување лица во социјален ризик со вкупен максимален износ на месечно ниво од 22.000 денари, од коишто 17.000 денари за бруто-плата за вработеното лице и 5.000 денари надомест за трошоци на обука за работодавецот месечно, во период од шест месеци, со обврска за компаниите да ги задржат овие лица на работа дополнителни 12 месеци.

Втората група субвенции опфаќа максимална субвенција од 11.900 денари месечно, во период од шест месеци, со пет години ослободување од плаќање социјални придонеси во рамки на проектот „Македонија вработува“.

Со оваа мерка, која е дел од оперативниот план за 2015 година, за што е обезбеден посебен буџет преку Светска банка, ќе се вработат 134 невработени лица, за што се обезбедени средства во вкупен износ од 11 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...