fbpx

Канада ќе ја бомбардира ИД и во Сирија

-

Канада ќе ја прошири воената кампања против Исламска држава и ќе почне воздушни напади на позициите на сунитските џихадисти во Сирија, како што тоа веќе го прави во Ирак, соопшти денеска канадскиот премиер Стивен Харпер.

Канада, по САД, ќе биде втората членка на НАТО што од воздух ќе ја напаѓа ИД во Сирија. Воздушни напади на позициите на џихадистите во Сирија изведуваат и воените авиони на Јордан и на Обединетите Арапски Емирати.

Харпер соопшти дека Канада планира да ја продолжи својата шестмесечна мисија на една година, до март 2016 година.

Канада на северот на Ирак има 70 специјалци, а шест нејзини авиони учествуваат во бомбардирањата на ИД во Ирак, предводени од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...