ЈСП ќе добие дополнителни субвенции, советниците на ВМРО-ДПМНЕ бесни

Од советничката група на СДСМ и коалицијата рекоа дека иако се опозиција во Град Скопје, ќе го поддржат субвенционирањето на ЈСП поради грижа за интересот на граѓаните

-

Со многу кавги и префрлувања помина денешната седница на Советот на Град Скопје, на кој на крајот беа усвоени дополнителните субвенции за ЈСП-Скопје во висина од 110 милиони денари. Со 24 советници коишто гласаа „ЗА“ и двајца против, Советот на Град Скопје попладнево ја донесe одлуката за субвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници денеска присуствуваа на седницата и не гласаа за одлуката за дополнителни субвенции за ЈСП, велат дека СДСМ, Левица и ДУИ денеска покажале оти се власт во Град Скопје, бидејќи овозможиле на ЈСП речиси 2 милиони евра.

„Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левица и ДУИ со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиони евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Градот Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат за нова коалиција во Советот на град Скопје.

Наспроти ВМРО-ДПМНЕ, советниците од СДСМ при гласањето побараа од претседателот на советот Трајко Славески поединечно гласање за одлуката, но тој само констатираше дека одлуката од советниците е донесена и ја прогласи седницата за завршена. Инаку, советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни на седницата, но како и претходниот пат, не гласаа на истата за одлуката за субвенции.

Од советничката група на СДСМ и коалицијата рекоа дека иако се опозиција во Град Скопје, ќе го поддржат субвенционирањето на ЈСП поради грижа за интересот на граѓаните. Совтникот Гордан Шутаров од СДСМ рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ не го кочеле проектот за БРТ, денеска немаше да зборуваме за катаклизми и хаос во јавниот превоз.

„Субвенциите на ЈСП ги поддржуваме. Не даваме поддршка за ново задолжување на Град Скопје затоа што 2 години се залагаме за нов концепт на јавен превоз во Скопје, тоа е БРТ, проект којшто после 2 години кочење можеби и ќе се реализира. Да не беше закочен тој проект за БТР од страна на локалната власт на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје денеска ќе имавме половина реализиран проект, со цени и спецификации како проектот тогаш што бил направен“, изјави Шутаров.

Директорот на ЈСП-Скопје, Крсте Петревски во своето обраќање пред советниците рече дека повторно се говори на идентичната точка, која не беше претходно усвоена. Петревски пред гласањето апелираше до советниците да ги изгласаат субвенциите, затоа што се доведува под знак прашање исплатата на плата на вработените, а со тоа се доведува во опасност и функционирањето на целиот јавен превоз.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...