fbpx

Јелена Ќурувија: Луѓето на Милошевиќ кои работеа на ликвидации се активни и посилни од институциите

„Оваа пресуда можам да ја образложам така што мислам дека луѓето кои тогаш работеле во службата и кои работеле на ликвидација на политичките неистомисленици на режимот Милошевиќ-Марковиќ, сè уште се активни. Не знам точно колку ги има, но сигурна сум дека се посилни од сите - од институциите, од властите, дури и од самиот Вучиќ. Тие ја донесоа оваа пресуда. А моето прашање и понатаму е – кои се нарачателите на пресудата“, вели Јелена Ќурувија

-

Тој ден, 11 април, бев кај другарка кога ми се јави мајка ми и ми рече „Го застрелаа татко ти“. Тогаш не знаевме дали е убиен, но во меѓувреме брат ми отиде во станот во кој живееше тато, ни се јави и ни кажа дека е убиен.

Вака раскажува Јелена Ќурувија, ќерка на убиениот српски новинар Славко Ќурувија и претседателка на Фондацијата „Славко Ќурувија“ во интервју за Н1.

Иако од тој ден помина многу време, Ќурувија вели дека особено се сеќава на разговорот со мајка ѝ тој ден.

„Мама и јас доаѓаме дома. Во кола сме и велам – сè ми се враќа некако, сè некои ситници, некои разговори со тато. А мама на тоа ми вели – за тебе ситници, за мене големи работи. Тоа е она што ми остана во сеќавање засекогаш тажно е за мене. Тажно е што човек на таков начин ќе биде откорнат од нечиј живот, тогаш останува голема дупка што не може да се пополни. Што и да се случи подоцна во животот, а животот продолжува, таа дупка останува во нас засекогаш“, вели Јелена Ќурувија.

Таа вели дека постојано разговарала со нејзиниот татко Славко и дека тие разговори секогаш биле еден вид подготовка за нејзиниот понатамошен живот.

„Тој постојано ми велеше – треба да се подготвиш за тие ајкули таму. И тогаш, кога сè се случуваше, не беше свесен дека ќе одат до крај. Во неговиот вредносен систем, а и во мојот, навистина не го очекувавме тоа што се случи, тој тогаш, како и јас сега со оваа пресуда“, раскажува Ќурувија.

Во интервјуто за Н1, Јелена зборува за основањето на весникот на татко ѝ, и додава дека тој ги сакал професионализмот, стандардите и етиката, и во бизнисот и во животот.

„Не сакаше и не можеше да молчи за состојбите што се случуваа во државата во тоа време под политичкото раководство на брачната двојка Милошевиќ – Марковиќ. Затоа ‘Дневен Телеграф’ и ‘Европјанин’ беа платформи каде што можеше да го изрази своето незадоволство и да помогне, а за тоа сведочи и неговата реченица – ние ќе бидеме новинари до крајот на животот и ќе се потрудиме вие да не биде политичари до крајот на животот“, вели Ќурувија.

Таа додава дека „не смеат да се заборават таквите како него, не само новинарите, туку и другите убиени поради нивните идеали“. Додава дека се обидела преку фондацијата да го претстави начинот на кој татко ѝ се занимавал со новинарство.

Зборувајќи за нејзината реакција на ослободителната пресуда за случајот Ќурувија, Јелена вели дека нејзините чувства како ќерка и државјанин на Србија се испреплетени.

„На втори февруари, кога беше објавена пресудата, како ќерка се во мене замрзна. И јас сум уште во таа состојба. Имав грч и уште сум во него. Исто така, како граѓанин на оваа земја, јас сум свесен што значи таа пресуда за сите граѓани на Србија. Моите чувства се измешани и се чувствувам и измамена и поразена, поразена, тажна“, вели таа.

Додава дека бидејќи не успеала да го спаси татко ѝ пред 25 години, чекала и се надевала дека неговите убијци ќе бидат испратени во затвор.

„Оваа пресуда можам да ја образложам така што мислам дека луѓето кои тогаш работеле во службата и кои работеле на ликвидација на политичките неистомисленици на режимот Милошевиќ-Марковиќ, сè уште се активни. Не знам точно колку ги има, но сигурна сум дека се посилни од сите – од институциите, од властите, дури и од самиот Вучиќ. Тие ја донесоа оваа пресуда. А моето прашање и понатаму е – кои се нарачателите на пресудата“, вели Јелена Ќурувија.

Таа вели дека никогаш не разговарала со луѓето кои биле на власт во Србија.

„Не го разбирам периодот од убиството на татко ми до 2012 година, кога имавме демократска влада, дека тогаш ништо не беше направено за татко ми. А тогаш имав очекувања, дека нешто ќе се направи, некој ќе биде уапсен, дека нешто ќе се направи за него. Не знам зошто не беше и не ме интересираат можните изговори, бидејќи нема оправдувања“, вели Јелена.

Коментирајќи дел од изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за Славко Ќурувија, како и неговите ветувања за судењето и исходот од судењето, Јелена вели дека сите тие изјави се „политички“ и дека тој ги уништил медиумите во 1990-тите години и оти истото го прави и сега.

Целото интервју може да се погледне на Н1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...