Сора – нов вид вештачка интелигенција што создава видеа по текстуални инструкции

Според нивен блогпост, моделот исто така може да создаде видео врз основа на неподвижна слика или да прошири снимки со нов материјал

Photo by Mojahid Mottakin on Unsplash

Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI, најави нова алатка наречена „Сора“ за креирање видеа кои траат до 60 секунди, а се создадени по текстуални инструкции.

Според нивен блогпост, моделот исто така може да создаде видео врз основа на неподвижна слика или да прошири снимки со нов материјал.

„Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење“, велат од OpenAI во врска со „Сора“.

Моментално „Сора“ е достапна само за истражувачи кои ќе работат истата да не биде искористена за злонамерни цели како создавање насилни и порнографски содржини. Иако ограничен пристат имаат само истражувачите и визуелни уметници, извршниот директор Сем Алтман на социјалната мрежа „X“ сподели видео клипови создадени од „Сора“.

Видеата имаат и печат со кој се препознава дека се создадени од вештачка интелигенција.

 

Освен OpenAI, вакви алатки развиваат и Гугл, Мета, но и стартап компанија за вештачка интелигенција наречена Runaway која гради алатки кои ќе им помогнат на креатори на филмови при создавање видеа.

Компанијата дебитираше со генераторот за слики Dall-E во 2021 година и подоцна објави чет-бот кој брзо придоби 100 милиони корисници.

Други компании за вештачка интелигенција дебитираа алатки за генерирање видео, иако тие модели можеа да произведат снимка од само неколку секунди. Гугл и Mета се во процес на развој на генеративни видео алатки, но сеуште ги немаат објавено.