fbpx

Изградбата на монтажни гаражи на комплексот клиники денеска на седница на Влада

-

На својата редовна 117 седница која ќе се одржи денеска во 12 часот Владата ќе донесе одлука во врска со програма за работа и финансискиот план на Агенцијата за енергетика за 2019 година, соопштуваат од владината прес-служба.

Министрите, на предлог на Агенција за млади и спорт, на оваа седница ќе ја разгледаат предлог – програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2019 година, како и информацијата за можноста за обезбедување на техничка помош од Владата на СР Германија за проценка и утврдување на потребите за реконструкција на студентските домови, која на оваа седница на Владата ќе ја презентира Министерството за финансии.

На денешната седница на владата ќе биде разгледана и информација во врска со измена на Законот за трговските друштва заради доусогласување со најновото законодавство на Европската Унија за прекугранично спојување со друштвата со ограничена одговорност согласно препораката од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија од 2018 година.

На денешната седница, владата ќе ги разгледа предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за трансплантација за 2019 година, како и информацијата за започнување постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на катни-монтажни гаражи во комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје.

На предлог на Министерството за образование и наука, на оваа седница ќе биде презентирана и Информација со Меморандум за разбирање помеѓу Британскиот совет и Министерството за образование и наука за Програмата „Училишта на 21 век во Западен Балкан“, како и Информацијата за прогресот и реализацијата на проектот – Подобрување на квалитетот на податоците во системите на државните институции на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...