fbpx

Избрани 14 претседатели на судови

-

Судскиот совет на Република Македонија денеска избра 14 претседатели на судови.

Како што се наведува во соопштението, издадено по денешната седница, за претседател на Основен суд Берово е избрана Голубинка Козовска, за Основен суд Битола – Дејан Крстанов, за Основен суд Велес – Александар Шопов, за Основен суд Виница – Благој Цикарски, за Основен суд Гевгелија – Драги Дилберов, за Основен суд Делчево – Миле Ѓоргиев, за Основен суд Кавадарци – Зоран Јосифовски, за Основен суд Кичево – Баки Алили, за Основен суд Крива Паланка – Анкица Димитровска, за Основен суд Неготино – Ацо Анѓелковски, за Основен суд Прилеп – Јане Тренчевски, за Основен суд Скопје 2 – Илир Сулејмани, за Основен суд Свети Николе – Слободан Арсовски и за Основен суд Штип – Емил Пилатов.

Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, истакна дека изборот бил транспарентен и оти избраните кандидати ги исполнувале условите предвидени со Законот за судовите и во последните две години имале највисока оцена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...