Халед Хоџа е избран за нов претседател на сириската опозиција, соопшти телевизијата „Ал Арабија“.
Хоџа со 56 гласа „за“ го победи победи фаворитот, генералниот секретар Насер ал Харири, кој освои 50 гласа на затворената седница на коалицијата, која се одржа во Истанбул.
Новиот лидер ќе раководи со сириската опозиција од нејзиното седиште во Турција.