fbpx

Инспектори пишувале пријави, бизнисмени дупчеле пневматици!

-

Синоќа, за време на редовните инспекциски контроли на Министерстото за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и на Државниот пазарен инспекторат, додека инспектори пишувале пријави, бизнисмени им ги дупчеле пневматиците на автомобилите!

Ваквиот заклучок произлегува од соопштението на Управата за јавни приходи, во кое Управата им порачува на локалните бизнисмени и на несовесните граѓани дека користењето насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на јавни добра (службени возила и сл.), купени со парите од даноците што ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија, нема да ги спречи, ниту да ги одложи контролите на УЈП. Напротив, само остава простор за поголемо сомневање дека во конкретното место, општина, реон, работат бизниси кои избегнуваат да платат данок.

Додека траела инспекциската контрола во вечерните часови, несовесни граѓани оштетиле службено возило на УЈП, паркирано во близина на плоштадот во Охрид. Непознатите сторители со остар предмет ги исекле сите четири гуми на возилото. Од Министерството за внатрешни работи направен е увид. Во рамките на редовните инспекциски контроли спроведени ноќта (помеѓу 15 и 16 јануари), во Охрид се контролирани осум угостителски објекти, од кои во два се утврдени неправилности, додека во Кичево контролирани се шест угостителски објекти, од кои во три утврдено е дека во целост не е регистриран готовинскиот промет.

За објектите кои не издавале фискални сметки, изречена е привремена забрана за вршење дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3.250 евра во денарска противвредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...