fbpx

Инфлацијата во септември се спушти на 6,6 отсто

Намалување на индексите на трошоците на живот во септември е забележано кај свежото и разладеното оружје за 2,7 отсто, маслото и маснотиите за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук за 1,3 отсто

-

Индексот на трошоците на животот во септември годинава, во однос на истиот месец во 2022 година, бележи зголемување од 6,6 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,7 отсто.

Според податоците од Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на живот во септември е забележано кај свежото и разладеното оружје за 2,7 отсто, маслото и маснотиите за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 отсто и млекото за 0,4 проценти.

Намалување има и кај воздухопловниот патнички транспорт и тоа за дури 34,8 отсто, кај туристичките аранжмани за 7,1 отсто, производите за домаќинство – нетрајни за 0,8 посто.

Пораст на индексите на трошоците за живот минатиот месец, пак, е забележан кај жестоките пијалаци за 2,3 проценти, јајцата за 2 отсто, виното за 1,9 отсто, сирењето и урдата за 1,2 проценти, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1 процент, кафето, чајот и какаото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,6 проценти.

Пораст на трошоците за живот во септември е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,6 отсто, мотоциклите за 8,6 проценти, речните горива за домаќинства за 6,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...