Играта Palworld е нов растечки феномен во светот на игрите. Таа изобилува со хумор, во неа во стилот на Pokemon стекнувате другари меѓу секакви комични пародични суштества, што гејмерите веднаш ги класифицираа како „робови”.
„Иако изгледа како да е за деца, не е наменета за нив е“, велат луѓето што не ги разбираат игрите, веројатно испровоцирани од експлицитното насилство… Сепак, оваа игра меѓу јутуберите и стримерите на Твич веќе е не само хит, туку и голем феномен, бидејќи е одлично направена.
Најмногу наликува на играта ARK, во која припитомувате диносауруси и создавате резерват. Palworld исто така личи и на поновите верзии на Legend of Zelda, а поради градењето наликува и на Fortnite.
Главниот трејлер за играта
Иако играта создава впечаток на цртан филм, со многу примеси на World of Warcraft во акциите – на пример, може да се лета на големи птици и змејови – сепак, колоритноста на пределите и суштествата што се ловат со многу слична топка како во Покемон, е многу иновативна.
Ова не е официјална Покемон игра од Нинтендо – таква веќе постои и се вика Scarlet Violet Pokemon. Сепак, Нинтендо не може да тужи за дигиталното авторско право (DRM Digital Rights Managment), а единствено нешто што ја спасува играта Palworld, којашто ја развија девелоперите Pocketpair, е токму контроверзата околу „пребруталното насилство” во игра со слатки ликчиња, што ја прави успешна како пародија. Исто така, има многу надреалистичен хумор што ѝ дава една иновативна привлечност и ја издигнува во феномен.
Но покрај пренасилните моменти, има и други гротексни елементи, поради што сепак може да се каже дека треба да се категоризира 18+. На пример, во играта имате валута злато со која може да купувате следбеници… Но и други работи, и – една овца вреди повеќе од човек! Луѓето во играта се NPC карактери што или ги спасувате па ви се придружуваат или ги поробувате па ви служат.
Најодвратниот момент што веројатно и ќе се тргне од играта со следниот пач е што во моментов во Palworld можете да ги однесете луѓето на касап за да ги најадете животинките и чудовиштата што работат во вашата база. Ова е толку погрешно и одвратно на повеќе нивоа… ама гледано како пародија, привлече голем број играчи кои бараа нешто различно во игрите. Потоа, правите фабрика од секакви ликови што извршуваат задачи и изведуваат работи на вашиот имот.
Може да играте во група од 4 играчи.
Вашата база може да биде уништена од PvE чудовишта или од друга група од 4 играчи – но само ако е вклучена опцијата PvP, која што играчите најчесто не ја отклучуваат бидејќи станува збор за игра со преживување, па играчите сакаат да ги зголемат шансите за опстанок.
Средее контроверзите, да потсетиме дека последната игра што имаше сличен ефект беше првата GTA, но ова што е „ставено“ во Palworld ја надминува и GTA.
Технички, играта PalWorld уште не е готова.Таа е во развој, односно моментално е во Early Access фазата. Сепак, веќе котира како една од најбрзо растечките на платформата за видео игри Стим.
Одредената цена е околу 30 евра, но моментално со попустот од 10 отсто што завршува утре, може да се купи за околу 26 евра.