Играта Aerial Knight’s Never Yield е бесплатна на Epic Games до денеска

Играта има одлична музика инспирирана од музиката на анимето Cowboy Beebop која поприлично добро „ве вози” низ играта, во позитивна смисла и е мешавина од рап и фанк

Платформската игра Aerial Knight’s Never Yield е бесплатна на Epic Games до денеска. Можете да ја преземете оваа игра акo сте регистрирани на Epic Games, инаку во редовна продажба е 12 евра. Играта е кратка и може да се заврши за час и половина. 

Ова е трејлерот за играта:

Играта има одлична музика инспирирана од музиката на анимето Cowboy Beebop која поприлично добро „ве вози” низ играта, во позитивна смисла и е мешавина од рап и фанк.

Играта иако често погрешно ја асоцираат како уште една „Autorunner” игра но самиот девелопер ја нарекува „narative runner” игра. Дека приказната во позадина преставена со секвенци на „ослободување” е нешто помеѓу “1984-та” од Орвел и Матрикс.  

Играта движи во брз чекор, но има неколку начини за избегнување пречки, голем скок, кик флип со странично салто, лизгање под препреки и слично. Времето успорува пред секоја пречка, а како што можете да научите во туторијалот, секој вид на избегнување пречки кореспондира со бојата на предметот пред вас. 

Но, опциите за „Continue” и „Quit” класични при „губење живот” во вакви игри се заменети со називите „Never” и „Yield”, а ако не одберете ништо после неколку секунди автоматски играта прави како да сте одбрале „Yield”. Девелоперот вели дека ја ставил оваа опција така затоа што го почитува времето на играчите и не сака да ги форсира да продолжат со играта. Ако сакате да направите пауза во играњето, можете тоа да го сторите. Игра која не дозволува пауза, е Dota 2, каде што „морате” да играте без пауза.   

Девелоперот што ја има направено играта, се вика Neil Aerial Knight Jones и е афроамериканец со потекло од Детроит. Тој вели дека главниот лик во играта има простетична нога поради тоа што неговиот чичко имал кул протеза и тоа го внел како момент во играта. Главна инспирација за протагонистот во играта е ликот на Alex Foley во филмот Beverly Hills Cop кој го игра актерот Eddie Murphy. Neil Aerial_Knight Jones во интервју за Inverse.com вели: 

„Учев во училиште со име Mumford во Детроит. Во Beverly Hills Cop, неговиот лик е од Детроит, и Еди Марфи додека истражувал за улогата отишол до училиштето Mumford.Таму му ја подариле маицата за физичко на која има амблем од училиштето. А потоа ја носи во филмот. Тоа за мене своевремено беше најкул приказна на сите времиња”.  

Главниот лик во играта носи јакна на која  пишува Detroit, а еден од скиновите за отклучување се вика Foley како ликот од филмот. Друг релативно поскорешен филм општо за Детроит и рап културата во градот е “8 Mile” со Eminem во кој една од главните пораки е културна борба против расизмот.

За дизајните од јапонската култура каде што има и сајберпанк елементи за позадините, Neil Aerial Knight Jones ја спомнува фасцинацијата на афроамериканците со кунг фу и источната култура и го спомнува и филмот Rush Hour со Крис Такер и Џеки Чен како еден од поомилените филмови.

Запрашан што е пораката на играта, тој одовара: 

„Ти си самиот единствената личност што си стои на патот. Тоа е целата поента на играта”.

Секако оваа игра вреди да се има со целата позадина зад неа, но исто така имаме и препораки и за други платформски игри што можете да ги видите тука