fbpx

Откажана странска инвестиција во Штип?

-

Хрватската компанија Кумал, која оваа пролет требаше да почне со изградба на фабрика за термоизолациски панели во Штип, засега само ја пролонгира инвестицијата.

– Официјално, Кумал ја нема откажано изградбата на фабриката, изјави директорот на  владината Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, според кого, и тие се во исчекување на одлуката на хрватската компанија.

Кумал инвестицијата вредна седум милиони евра требаше да ја реализира во штипската технолошко – развојна зона во Штип. Градоначалникот Илчо Захариев изјави дека инвестициите се во надллежност на владата, но, додаде дека хрватскиот инвеститор веќе некое време имал дилема дали да инвестира.

Според најавите Кумал, фариката на површина од 25.000 квадратни метри,  требаше да отвори 50 директни и стотина индиректни работни места.

Во штипската ТИРЗ засега работи само  фабриката на Џонсон Контролс, а германската Техникал Текстајл гради капацитет, која треба да почне со работа во мај.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...