fbpx

Хронологија на палењата на македонското знаме на Косово

-

Палењето на македонското државно знаме вчера во Пеќ и во Гњилане, по изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, е последниот таков настан од низата вакви инциденти регистрирани на Косово во изминатите десетина години.

Сторителите, главно, се членови на навивачки групи, а македонското знаме гореше на спротски натпревари и на протести, но такви инциденти се случуваа и по судски, политички или културно-научни настани во земјава.

Првпат македонското знаме на Косово беше запалено во 2009 година, а последниот ваков инцидент е регистриран вчера, по пресудите за „Диво Насеље“.

Еве ја хорнологијата на палење на македонското државно знаме на Косово:

  • 29 септември 2009 година, Приштина – Македонското знаме беше запалено во Приштина на фудбалскиот меч помеѓу прволигашките екипи на „Влазними“ и „Приштина“. Знамето беше запалено, наводно, како одговор на издавањето на „Македонската енциклопедија“ од Македнската академија на науките и уметностите (МАНУ), која предизвика бурни реакции меѓу Албанците и дома и во соседството.
  • 24 ноември 2011 година, Качаник – На фудбалскиот меч помеѓу „Лепенци“ и „Дрита“ во Качаник, маскирани навивачи го запалија знамето на Македонија на стадионот. На самиот почеток на натпреварот навивачите истакнаа и навредлива парола: „2012 не е крај на светот, туку крај на Македонија“.
  • 16 февруари 2012 година, Приштина – Македонското државно знаме беше запалено на пријателски ракометен меч на младинските репрезентации помеѓу Косово и Македонија, како наводен одговор за навредливите песни на македонските навивачи на Европското првенство во ракомет во Србија, одржано еден месец порано. Покрај знамето, како декор во салата беа и паролите „Бугари од Господ, Македонци од Тито“, „Македонија не постои“.
  • 8 јули 2014 година, Приштина – На протест одржан во главниот град на Косово повторно беше запалено македонското знаме, а поводот беше изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Монструм“. Знамето беше запалено пред македонската амбасада во Приштина, од страна на навивачката група „Плисат“, каде присутните извикуваа и антимакедонски пароли. Тогашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, го оцени како „неприфатлив“ ваквиот чин и побара од полицијата и од правосудните органи да ги откријат сторителите.
  • 14 мај 2015 година, Пеќ – Ммакедонското знаме беше запалено на кошаркарскиот плејоф-натпревар помеѓу екипите на „Пеќ“ и „Сигал Приштина“. Знамето го запалија членови на навивачката група, наводно поради полициската акција во Диво Насеље, во Куманово.
  • 2 ноември 2017 година, Пеќ и Гњилане – Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, во овие два града во Косово јавно биле запалени македонски знамиња. „Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава, го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа“, порачаа од навивачката група „Соколи“ во Гњилане.

Инаку, освен во Косово, македонското државно знаме беше запалено и во Албанија. Инцидентот се случи на 24 ноември 2014 година во Тирана, за време на официјалната посета на тогашниот премиер, Никола Груевски, на Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...