fbpx

Груевски: Плаошник ќе биде најатрактивното место во Македонија

-

Прмиерот Никола Груевски денеска на локалитетот Плаошник направи увид на градежните активности за возобновување на универзитетот „Свети Климент“.

– Според мое убедување, откако ќе биде завршена изградбата на предвидените објекти на Плаошник, ова ќе биде место каде туристите најдолго ќе се задржуваат од причина што ќе има многу содржини и работи кои ќе можат да се видат и ќе стане веројатно најатрактивно или во првите три-четири најатрактивни места во Република Македонија, што ќе биде дополнителна туристичка понуда на Охрид и воопшто на Македонија – изјави Груевски.

Тања Паскали Бунташеска, директорка на Завод и музеј во Охрид, информираше дека сите предвидени објекти се во завршна фаза на карабина: резиденцијалниот објект, манастирскиот конак, Музејот на Плаошник, Центарот за хуманистички науки и библиотеката.

При изградбата на комплексот, целосоно се почитуваат препораките на УНЕСКО, врз основа на кои е извршена комплетна ревизија на проектот, во кој се вметната сите забелешки на светската организација, прод чија заштита е културното и природното богатство на Охрид.

Возобновувањето на универзитет на Плаошник комплетно треба да биде завршено до 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...