fbpx

„ОДВ Електрик“ ќе почне изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања

-

Премиерот Никола Груевски, денеска од Охрид најави дека германската компанија „ОДВ Електрик“ уште овој месец ќе почне со изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања.

Премиерот се запозна со текот на градежните работи за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Струга-Охрид.

– Покрај „ОДВ Електрик“, веќе следната недела најавени се дека ќе дојдат претставници на фабриката за автомобилски делови „Костал“, која на почетокот на следната година ќе почне со изградба на фабрика во технолошката зона на површина од 25.000 квадратни метри, каде ќе се вработат уште 1.000 лица -изјави Груевски.

Владата во локацијата инвестира 6 милиони евра за инфраструктура за да можат да дојдат компании кои ќе инвестираат и ќе отворат нови работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...