петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Св.Климент Охридски | 37 резултати

Османи и Милков за прв пат заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје

7 декември 2022

Еден ден пред официјалниот празник, денеска за прв пат, претставници на македонската и бугарската влада, заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје. Министрите за надворешни работи на двете држави Бујар Османи и Николај Милков положија цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека и ја посетија изложбата на дела од еминентни […]

Македонскиот тим од историската комисија: Препораките се пораз на историските митови во двете земји

19 август 2022

Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Веќе беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата, стои во реакцијата на македонскиот тим во Заедничката […]

Доделена државната награда „Св. Климент Охридски” за 2021 година

8 декември 2021

Универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, за остварување во областа на воспитанието и образованието, писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академскиот сликар – костимограф Елена Дончева, во областа на културата и уметноста, се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски”. Наградите, денеска им ги врачи академик Газанфер Бајрам од Одборот за доделување на државната […]

Пендаровски: Духовното и книжевното дело на Свети Климент Охридски е трајно врежано во македонското културно наследство

8 декември 2021

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Во честитката тој пишува дека, како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв […]

Пендаровски: Делата и мудроста на Свети Климент Охридски да ни бидат водилка и патоказ низ премрежјата

8 декември 2020

По повод 8-ми декември, денешниот христијански празник, Свети Климент Охридски, претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, со која им го честита празникот на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви упатам најсрдечни честитки […]

УКЛО подготвува стратегија за новата академска година во која се разгледуваат две сценарија

4 август 2020

Додека се чека последниот збор на МОН и Комисијата за заразни болести за тоа како ќе се одвива академската година на универзитетите во земјава, на факултетите веќе течат подготовките. Дел од нив ги разгледуваат опциите за онлајн, а дел за комбинирана настава. Високите образовни институции ќе се водат според мислењето на нивните студенти, чиј заклучок […]

Владата ќе додели 50 стипендии на странци со македонско потекло за упис на државните универзитети

28 јули 2020

Владата ќе додели вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – […]

Понеделник 9 декември е неработен ден за сите граѓани

2 декември 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Андоновски, Тавитјан и Плевнеш, добитници на наградата „Св.Климент Охридски“

8 декември 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Во областа на воспитанието и образованието, добитници на наградата се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста, добитници на наградата се музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева. […]

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

7 декември 2017

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за […]

МОН: На државните универзитети годинава упис на 26.105 студенти

17 јуни 2017

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека вчера Владата донела одлука за распишување конкурс за упис на студенти на државните универзитети, за кои ќе има 26.105 места. Од нив 13.953 места се за редовни студенти во државна квота, 8.367 места се за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места се за вонредни студенти. „Со […]

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

8 декември 2016

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски – Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век – Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното […]

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

8 декември 2016

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, […]

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

7 декември 2016

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, утре, во 12 часот, ќе го додели признанието за 2016 година, во свечената сала на Собранието. Наградата e највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Државната награда […]

Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод празникот Свети Климент Охридски

7 декември 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има свое обраќање на свечената академија во Македонскиот народен театар (МНТ) по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, соопштија од кабинетот на Иванов. Во рамките на свечената академија, Иванов ќе го одликува професорот на […]

Доделена наградата „Св. Климент Охридски“

6 декември 2016

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на специјалната комисија, одлучи највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, да ја добие основното музичко училиште „Методи Патче“. Оваа образовна установа, како што нагласи на прес-конференција Бакрачески, веќе половина век продуцира извонредни музичари, дел од нив светски познати и признати, кои достојното го […]

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

2 декември 2016

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.

Општина Охрид го распиша кoнкурсот за наградaта „Св. Климент Охридски“

2 ноември 2016

Општина Охрид денеска извести дека е отворен конкурсот за наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година. Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно за долгогодишни остварувања и за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за општината, придонесуваат за развојот на градот и за негова афирмација. Како […]

Конференција во чест на свети Климент Охридски

20 октомври 2016

Меѓународна конференција во чест на илјада и стогодишнината од блаженото упокојување на великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, се одржува од денеска до 22 октомври во конгресниот центар во Охрид. Настанот е насловен „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во црквата“ и е дел од државната програма за одбележување на […]

Изложба на копии на фрески и икони со ликот на Свети Климент Охридски

9 август 2016

Во организација на МАНУ, а по повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид, отворена е изложба на копии на фрески и икони со ликот на овој светител и патрон на Охрид. Копиите се од фрески и икони во црквите и манастирите во Македонија и […]

Страна 1 од 2