fbpx

Османи и Милков за прв пат заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје

-

Еден ден пред официјалниот празник, денеска за прв пат, претставници на македонската и бугарската влада, заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје.

Министрите за надворешни работи на двете држави Бујар Османи и Николај Милков положија цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека и ја посетија изложбата на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен светецот.

Шефовите на бугарската дипломатија овој свечен чин го најавија на Бизнис форумот Македонија – Бугарија кој се одржува во Скопје, а на кој учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, претставници на стопанските комори и претставници на економски ресорни институции.

„Ќе положиме цвеќе во знак на почит пред споменикот на Свети Климент Охридски, тој е еден од најпознатите ученици на светите браќа свети Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме и го почитуваме нивното дело. Долг е процесот, но тенденцијата е да оди на подобро. Напорот постои од двете страни. Очигледно е дека имаме неизживеани историски комплекси, неизживеани историски проблеми кои се проектираат во сегашноста и важно е да не дозволиме да ја одредат нашата иднина“, кажа Милков.

Сепак, тој ја искористи приликата за да каже дека бугарските клубови во Македонија треба да се зголемат и очекува земјава да обезбеди услови за нивно нормално функционирање.

Османи, од друга страна, истакна дека најдобриот начин на спречување на говор на омраза е ако доминира позитивниот говор меѓу двете држави и рече дека не очекуваат за една вечер да изградиме идеални односи со Бугарија.

„Токму тоа го правиме денес со овој форум. Треба да се гледаме често, да комуницираме постојано, да не дозволиме некој друг да ни наметне лоша агенда. Ако оставите празен простор некој друг ќе ви го пополни. Не може да игнорираме дека имаше провокации од двете страни, од иредентистички изјави на политичари од Бугарија до изјави на наши политичари и напад на клубови на бугарски здруженија во нашата земја“, рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...