fbpx

Груевски бил шокиран од откритието за лажните лични карти

-

Криминалци се директно поврзани и во комуникација со врвот на најголемата опозициска партија, изјави денеска премиерот Никола Груевски во вестите на телевизија „Сител“, додавајќи дека бил шокиран од тоа што го открило обвинителството во врска со аферата со фалсификувани лични карти.

– Ова е дрзок криминал. Ние не се бориме со некој кој се бори со политички средства, се соочуваме со некој кој се бори со крајно криминални средства. Не е лесно да се бориме со ова. Обвинителството откри опрема купена и ставена во погон за фалсификување, репроматеријал за производство на истите фалсификувани документи. Откриени се голем број такви исправи направени за компромитација на видни државни функционери. Ние работеме на носење фабрики, отворање работни места, наоѓање начини младите да дојдат до куќа, за помош за земјоделци, зголемување на плати… Од друга страна, некој друг работи на фалсификување пасоши со кои треба да се компромитираат политички личности од ВМРО-ДПМНЕ, на фалсификувани лични карти, фалсикувани документи за банкарски трансакции за да се наруши нивниот кредибилитет – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...