fbpx

Граѓаните повторно мета на фишинг напади – не отвoрајте пораки за наводни компликации со поштенски пратки

Вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци за адресата“, се вели во пораката, која има за цел во заблуда да ги донесе граѓаните со искористување на нивните банкарски податоци

-

Масовно пристигнуваат СМС пораки до граѓаните, во кои се тврди дека има компликации при доставување на нивните пратки. Ова е уште еден фишинг напад кој цели да злоупотреби информаци поврзани со кредитни картички.

„Вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци за адресата. Ве молиме потврдете го вашиот адрес на следниот линк”,  гласи пораката која деновиве пристигнува до голем број граѓани.

Дополнително, пораката содржи линк кој ги насочува корисниците да го отворат. Доколку го проследите линкот, страната вели дека испораката не е успешна поради нејасна адреса, а наредно бара да се внесат информации за плаќање преку интернет.

За сличен случај, Мета.мк објави минатиот месец – дека фишинг нападите стануваат сè почести, а за заштита на податоците важно е да не се отвараат непознати линкови и да не се даваат податоци сè додека не се потврди легитимитетот на барањето.

„По кликнувањето на некој лажен линк, корисникот се носи до лажна веб страница креирана од сајбер криминалците, наместо до некој безбеден линк и од него се бара да внесе лични податоци. Токму такво едно сценарио видовме кога неколку универзитети и бизниси беа залажани од кампања, која наводно беше за решавање на некој проблем со доставата на FedEx. Оваа шема е потсетување дека секој може да падне во стапицата на сајбер криминалците и е причината зошто корисниците секогаш треба да бидат внимателни на што кликнуваат, како и да се осигураат дека барањето што им е испратенo е валидно. Затоа секогаш е добра идеја да се контактира изворот на имејлот за да се потврди легитимитетот на барањето“, се вели во објаснувањето на компанијата Кабтел.

Фишинг нападот е инаку опишан како лажна порака која личи вистинска но има цел да го измами примачот при што тој ќе открие лични информации, преку посета на лажна веб страна или отварање на додаток (прилог) кој е заразен со вирус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...