понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: пошта | 21 резултати

Во Пошта вработени земаат плата, а не одат на работа, покажува физибилити студија

4 февруари 2024

Лоша организација и менаџирање на Поштата низ целата територија на Северна Македонија, недостиг од дигитализација, мануелна работа и човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници кои не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во Физибилити студијата на Поштата на Северна Македонија спроведена […]

Пошта не продава изгубени пакети за 123 денари

25 јануари 2024

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани […]

Граѓаните повторно мета на фишинг напади – не отвoрајте пораки за наводни компликации со поштенски пратки

27 ноември 2023

Масовно пристигнуваат СМС пораки до граѓаните, во кои се тврди дека има компликации при доставување на нивните пратки. Ова е уште еден фишинг напад кој цели да злоупотреби информаци поврзани со кредитни картички. „Вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци за адресата. Ве молиме потврдете го вашиот адрес […]

Русија погоди пошта во Харкив, најмалку шест убиени и 16 повредени лица

22 октомври 2023

Руски ракетен напад врз поштенски центар во Харкив уби најмалку шест лица, а 16 лица се повредени, пренесува весникот Гардијан. Гувернерот на Харкивскиот регион, Олех Сунехубов изјави дека меѓу повредените лица дури седум се во критична состојба и се борат за своите животи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели видео, на кое се прикажани тешки оштетувања […]

„Пошта“ предупредува на измама во која се злоупотребува нејзиното име

9 февруари 2022

АД „Пошта на Северна Македонија“ предупреди дека на социјалните мрежи се шири дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. Истата измама е многу пораспространета во вид на имејл-фишинг, односно со лага наведување на корисникот да кликне на линк испратен во имејл и […]

Мала пошта од населбата Перо Чичо во Куманово разубавена со мурали [фото]

5 јули 2021

Мала пошта бр. 1310, омилена на граѓаните од населбата Перо Чичо во Куманово, конечно доби ново руво, информираат од Центар за современи уметности Скопје, кои овој проект го спроведоа со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија. „Локалната иницијатива беше спроведена во соработка со АД Пошти на Северна Македонија кои дадоа одобрување за спроведување на […]

Од понеделник стартува платниот промет во дел од подружниците на Македонска пошта

26 февруари 2021

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. „Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни […]

Писмото на Јана Поповска освои второ место на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз

14 октомври 2020

Претставничката на Пошта на Македонија, Јана Поповска освои второ место и сребрен медал на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз по повод 9. Октомври, Светскиот ден на поштите. Таа е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е професорката по македонски јазик, Сузана Петковска. „Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во […]

„Пошта“: Стоп за пратки од кај нас кон примачи во Кина, од таму доаѓаат редовно

13 февруари 2020

„Пошта“ информираше дека поради ширењето на коронавирусот во Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. „Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период. […]

БИРН Косово: Немаше пожар во „Телеком Косово“

15 јануари 2020

Интернет-весникот „Инсајдер“  објави информација дека зградата на „Телеком Косово“ е во пламен. Веста беше придружена и со видео, за кое „Инсајдер“ напиша дека е испратено од граѓанин. Оваа информација се ширеше и од други медиуми како: „Репортер“, „Службен портал“, „Газета експрес“, „Перископи“, за подоцна да биде избришана од сите, освен од порталот „Reporteri.net“. Непосредно по […]

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

26 септември 2018

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта. „Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото. Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето […]

Ослободени сите заложници од поштата во Харков, напаѓачот уапсен

30 декември 2017

Сите заложници во поштата во украинскиот град Харков се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Во инцидентот нема настрадани лица, јавуваат агенциите. „Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите“, напиша […]

Маж со експлозив држи 11 заложници во пошта во Харков

30 декември 2017

Маж за кого се верува дека е вооружен со експлозив држи девет возрасни лица и две деца како заложници во пошта во градот Харков, во североисточниот дел на Украина, соопшти полицијата, јавуваат светските агенции. Неидентификуваниот маж не изнел некакви барања. Тој, како што пренесуваат агенциите, се однесува мирно и комуницира со полицијата, која го блокираше […]

Го украле сефот од поштата во Вевчани и го оставиле на улица

6 јануари 2017

Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се случил обид за кражба во локалната пошта во Вевчани. Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој, неофицијално, имало околу 70.000 денари. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, но, за среќа, крадците не успеале во намерата затоа што […]

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

17 декември 2015

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи. Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Украдени 104.500 денари од поштата во село Жван

8 декември 2015

Непознато лице ја ограбило поштата во демирхисарското село Жван и од неа украло вкупно 104.500 денари, соопшти полицијата. Кражбата била извршена во периодот меѓу 5 и 7 декември годинава. Крадецот со употреба на физичка сила и соодветен алат, насилно ја отворил влезната врата, а потоа насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите, по […]

Поштата на САД, мета на хакерски напад

11 ноември 2014

Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со ФБИ во истражувањето на случајот и на обемот на штетата. Дел […]

Страна 1 од 1