fbpx

ГОБ „8 Септември“: Не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството

-

„Поради зачестената практика да се оцрнуваат докторите, Министерството за здравство и реформите што тоа заедно со Владата ги спроведува, чувствуваме потреба, како менаџмент на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје, да се обратиме до јавноста“, стои во соопштението од оваа институција.

„Веруваме дека во здравствените установи постојат изолирани случаи на неодговорни доктори, меѓутоа не треба според нив да се цени квалитетот на здравството во целина. Не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството во изминатиот период. За здравствените установи е набавена модерна медицинска опрема, а докторите и другите здравствени работници и соработници се испраќаат на едукација за користење на истата, благодарение на што се воведуваат нови методи и услуги. Конкретно, за нашата болница е набавена опрема во вредност од 8 милиони евра, од која вредно е да се нагласат апаратите за магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, дигитален мамограф, дигитален литотриптор, четири дигитални рентген-апарати, комплетна опрема за гастроентерохепатологија, неврологија, дерматовенерологија, десетина ехо-апарати и многу друга опрема, а дополнително треба да пристигне и опрема во вредност од 2 милиони евра. Како нови методи се воведени интервентна радиологија, интервентна кардиологија, развој на неврохируршка служба, развој на сите супспецијалности од интерната медицина, развој на третман на акутниот мозочен удар со центар за интензивна нега на овие болни, воведување најсовремени методи во ортопедијата што не се работат во сите околни земји и многу други. Обемот на работа е значително зголемен и тоа од 6.500 хоспитализации и 95.000 амбулантски прегледи во 2010 година на повеќе од 13.800 хоспитализации и 190.000 амбулантски прегледи во 2014 година. Зголемениот обем на работа е придружен и со нови вработувања. Така, бројот на вработени од 418 во 2010 година, е пораснат на 820 вработени во 2015 година, од тоа новопримени се повеќе од 115 доктори од различни специјалности, а овој број дополнително ќе се зголеми по заокружување на процесот на трансформација од статус волонтер и договор на дело во работен однос“, стои во соопштението на ГОБ „8 Септември“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...