fbpx

Ѓоргиевска: Правата на жените со попреченост се дел од борбата за родова еднаквост и социјална правда

Реалност која често останува под слоевите на дискриминација и недостаток на емпатија, нагласи Ѓоргиевска

-

Воочлив е и нерамномерниот напредок кога станува збор за правата на жените и девојчињата со попреченост. Нивните права се составен дел од пошироката борба за родова еднаквост и социјална правда.

Ова го истакна денеска сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, која учествуваше и се обрати на втората тематската дискусија „Да ја отпакуваме Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост по однос на правата на жените и девојчињата со попреченост“. Настанот се одржа во кабинетот на Претседателот, во организација на Канцеларијата на програмата за развој на Обединети нации во Северна Македонија- УНДП.

Истакнувајќи дека денешната дискусија е во насока на јавна поддршка за лицата со попреченост, Ѓоргиевска рече дека истата е и можност за почеток на вистински промени.

„Во Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост која Северна Македонија ја ратификуваше во 2011 година, како основни начела се наведени постулатите на вистинско праведно и инклузивно општество, за кое се залагаме и ние. За жал, многу од овие начела не се сè уште постигнати, а тоа го потврдува и анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, направена во 2021 година од агенциите на ОН во земјава и локални експерти од областа“, рече Ѓоргиевска.

Таа кажа дека не се мали предизвиците со кои се соочуваат жените и девојчињата со попреченост и дополнително се соочуваат и со предизвиците поврзани со родовата нееднаквост.

„Реалност која често останува под слоевите на дискриминација и недостаток на емпатија“, нагласи Ѓоргиевска, додавајќи дека наша обврска е да го заштитиме правото на еднаквост и да ги разобличиме предрасудите.

Претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, ја истакна важноста на поддршката на меѓународната заедница за обезбедување еднакви можности за сите во општеството.

„Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост е основа на нашата работа при што се реафирмира заложбата дека сите лица со попреченост мора да ги уживаат сите човекови права и фундаментални слободи, но во исто време и да го заштити достоинството на лицата со попреченост. УНДП реализира низа проектни активности заедно со лицата со попреченост, директно насочени кон нив, при што посебно внимание се обрнува на создавање услови и можности за нивна активација на пазарот на трудот, пристап до квалитетно образование и обука, со цел нивно целосно вклучување и независно живеење во заедницата на еднаква основа со сите“, потенцираше Григорјан.

Елена Кочовска од движењето „Полио плус“ истакна дека секоја акција, секоја мерка и мисла на чинителите или центрите на моќ треба да е во согласност со принципите на пакетот 8+1 бидејќи тие се алатки со коишто лицата со попреченост ќе ги уживаат граѓанските и политичките права.

„Независното живеење зависи пред сè од прифаќањето на нивната разноличност, на нивната состојба како дел од човековата разноликост, прифаќање и промовирање на нивниот идентитет при што овие три принципи го заокружуваат пристапот за човекови права на кои посочува Конвенцијата за правата на лицата со попреченост“, рече Кочовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...