fbpx

Семејното насилство расте, а 90 отсто од жртвите се жени

На глобално ниво податоците покажуваат дека повеќе од пет жени или девојки се жртви на убиства секој час од некој во нивното семејство. Речиси секоја трета жена била изложена на физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во животот

-

Во нашата држава има пораст на пријавени случаи на семејно насилство при што во 90 отсто од случаите жените се жртви на ова насилство, кажа денеска министерот за правда Кренар Лога, кој присуствуваше на Регионалната конференција „Обединети против насилство – Доста е”, која се одржа во Приштина. Како што тој кажа, насилството кон жените и девојчињата е меѓу најзастапените повреди на човековите права. Во исто време, денеска, во организација на канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија беше организирана Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“.

„Тоа не смее да биде приватна работа и мора да има соодветен кривично правен одговор. Поради тоа неопходно е нашите активности да вклучуваат криминализирање на делата на насилство према жените и девојчињата”, рече во своето обраќање министерот Лога.

На глобално ниво податоците покажуваат дека повеќе од пет жени или девојки се жртви на убиства секој час од некој во нивното семејство. Речиси секоја трета жена била изложена на физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во животот. 86% од жените и девојките живеат во земји без правна заштита од родово базирано насилство. Со овогодинешната кампања инвестирај за превенција на насилството спрема жените и девојчињата се приклучуваме на 16 дена активизам против родово базираното насилство кој започна на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството спрема жените а ќе заврши на 10 декември кога ќе го одбележиме денот на човековите права.

„Република Северна Македонија беше меѓу првите земји која што во 2011 ја потпишаа Истанбулската Конвенција, која влезе во сила во јули 2018 година. Во февруари е донесен Законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик со кој се изврши хармонизирање со Истанбулската конвенција. За прв пат се криминализира родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род. Се воведуваат нови кривични дела: Фемицид односно убиство на жена ило девојче до 18 години, Осакатување на женски полови органи, Демнење и Полово вознемирување“, рече Лога.

За да спречи виктимизација, жртвите на сите форми на насилство спрема жените и девојчињата потребно е да добијат навремена и сеопфатна заштита преку сервиси и услуги за подрршка и заштита.

Инаку, истражувањето на ОБСЕ за насилството врз жените во Северна Македонија од 2019 година покажа, меѓу другото, дека 45% од жените доживеале психичко, физичко и/или сексуално насилство извршено од сегашен или поранешен интимен партнер. Значителен дел од жените во Северна Македонија (37%) посочиja дека нивните пријатели би се согласиле дека жената треба да го слуша својот сопруг. Речиси половина сметаат дека семејното насилство е приватна работа и треба да се постапува во рамките на семејството, а 32% сметаат дека е важно мажот да и покаже на својата партнерка кој е шеф. Овие традиционални верувања претставуваат значителен предизвик за борба против насилството врз жените во Северна Македонија.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, на Тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити“, кажа дека треба да се признае тежината на проблемот и за да идентификуваат опипливи решенија што може да се спроведат за зајакнување на оваа заедничка борба.

„Треба да бидеме иновативни во соработката која ќе направи трајни промени во борбата против семејното и родово-базираното насилство“, кажа Ѓоргиевска.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше на тема „Улогата на институциите во борбата против семејното насилство“.

„Како институции заедно со граѓанските организации и агенциите, за родово базираното насилство не зборуваме само овие 16 денови за борбата против насилството туку зборуваме секој ден, како за она што го имаме направено, така и за она што треба да го направиме. Насилството е комплексна работа и затоа треба да се вклучат и во превенцијата и заштитата сите релевантни чинители“ рече Тренчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...