fbpx

Герила акција: десетина вистински пораки за Денот на борбата против корупцијата

-

Десетина исповести за корупција се пренесени на транспарентите што група активисти ги истакна денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата.

„За жал Македонија со години ја губи оваа битка и е една од најкорумпираните држави во Европа (минaтата година од 44 држави во Европа, само две беа рангирани како покорумпирани од Македонија) реномето за длабоко корумпирана земја го одржуваме со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво кое остана во државaта“, соопштија активистите.

Акцијата по повод Денот на борбата против корупцијата активистите им ја посветуваат на, како што наведуваат, „сите оние кои заглавени во безизлезните лавиринти на нефункционалната администрација немале кому да се обратат за да завршат работа или да остварат некое свое право и на крајот подлегнале и се вклучиле во синџирот на митото и корупцијата иако биле свесни дека и самите прават кривично дело но немале друг излез“.

„Инспирацијата за оваа акција во која експлицитно споделивме десетина пораки потекнува од вистински приказни и ситуации во кои се нашле неколкумина наши сограѓани кои своите приказни ги споделија со нас, што значи дека цитатите се вистински а имињата секако се измислени. Темите на судството, образованието, царината… се само случајно одбрани од многуте теми во нашето општество каде што царува корупцијата“, објаснуваат активистите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...