ДКСК ќе проверува кои судии и обвинители предвреме положиле правосуден

-

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на Меѓународниот ден за борба против корупцијата најави дека ќе ги истражува документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега. Антикорупционерите ќе истражуваат кои судии и обвинители стигнале до функцијата  со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека истрагата ќе таргетира проверка на сите кандидати кои биле во Академијата за јавни обвинители и судии од нејзиното формирање до денеска, со цел да утврдат дали некои од нив предвреме полагале правосуден испит или не. Ова е епилог на скандалот, во кој Антикорупциската комисија не можеше да ги добие сите потребни информации од Министерството за правда.

Во истрагата на ДКСК ќе биде вклучени и сите универзитети, односно колку универзитети како Штуловиот Универзитет во Тетово издале уверенија со кои поинаку го толкуваат фактот – дипломиран правник со што овозможиле некој предвреме да полага правосуден испит. За таа цел ќе биде ангажиран просветниот инспекторат, кој ќе прави проверка и на сите други правни факултети во земјава за период од 2008 до 2012 година, период за кој е веќе направена проверка за Штуловиот универзитет.

„Сега ова е прашањето – ако некој завршил во 2019 а конкурирал во 2014, зошто диплома не приложил, очигледно не добил диплома, ама тоа се наши претпоставки, затоа си бараме точно убаво да видиме од сите аспекти, за да ја расчистиме појавата, затоа што ние си патиме од појави“, вели Ивановска.

До ова дојде откако ДКСК откри дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет кој е дел од Академијата за обвинители и судии предвреме положил правосуден испит. По тоа открија дека 449 студенти од Штуловиот универзитет добиле уверение за дипломирани правници без да ги завршат во целост правите студии.

Антикорупционерите велат дека ќе се проверува и соодносот на уверенија издадени за дипломи и самите дипломи, со што може да се дојде и до сомнеж за издадени фалсификувани дипломи.

За нив одговорноста треба да се бара во институцијата која што ги издава таквите уверенија, потоа во Просветниот инспекторат, Министерството за образование, како и комисијата во Министерството за правда што во тој период ги примила тие документи.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...