Герасимовски во хрватско Крижевци: И Општина Центар ќе се стреми да биде енергетски независна и самоодржлива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели

-

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели.

„Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа е енергетски независна и самоодржлива општина. Оваа посета која не е прва за мене, впрочем Општина Крижевци е зародишот на идејата за формирање на „Енергија Центар“ е навистина значајна. Посетата на развојниот центар и технолошкиот парк и посета на климатската канцеларија во Крижевци и задругата Клик се искуство кое треба да се научи и примени. Со пресликувањето на „Крижевскиот модел“ Општина Центар би добила значајна заштеда и повраток на инвестираните средства за неколку години“, рече Герасимовски.

Фото: Општина Центар

При посетата на Загреб градоначалникот Герасимовски се сретнал и со Бранко Анчич претставникот на Општина Загреб, со кого разговараа за потребата на енергетската транзиција.

Тридневната посетата во Хрватска била организирана од фондацијата „Фридрих Еберт“. Претставници од Општина Центар присуствувале со уште неколку колеги од балканските земји со кои размениле искуства и дијалози на меѓународно ниво во областа на енергетиката и искористувањето на обновливите извори на енергија.

 

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...