fbpx

Гавриловска: Затворениците јадат храна од пакетите што ги добиваат

-

Продолжува штрајкот со глад на затворениците во Идризово, Штип и делумно во Тетово. Управата за извршување на санкции, пак, официјaлно не гледа никаков прoблем во затворските установи.

Според директорката Лидија Гавриловска, нема штрајк со глад.

– Точно е дека затворениците одбиваат затворска храна, но јадат од пакетите што ги добиваат – рече Гавриловска.

Имено, затворениците имаат право на добивање пакети до десет килограми и засега, според Гавриловска, се користи таа храна.

До информација однатре од затворите речиси и да не може да се дојде. Од Управата тврдат дека од 3.100 затвореници, затворска храна одбиваат околу 500, и тоа 200 затвореници од Штип, сосема мал дел од тетовскиот затвор, додека остатокот од бројката се затвореници од Идризово.

Во затворите е мирно и поради фактот дека кревањето бунт е кривично дело според нашиот закон.

Од друга страна, роднините најавија протест за попладне пред Собранието на Македонија во Скопје.

Активистката Мери Николова на својот фејсбук-профил најавува дека протестот ќе трае деноноќно додека не се задоволат барањата за законски измени за амнестија на затворениците.

„Секое семејство, нека си понесе шатор за спиење, по протестот остануваме во Жена-парк, пред Собрание, сè до добивање на позитивен одговор. Вистинските борци никогаш не се откажуват, немојте и вие да го сторите тоа. Одиме да бараме правда за обесправените“, повика Николова преку „Фејсбук“, барајќи одржување референдум за амнестијата.

Гавриловска, пак, потсетува дека според Законот за референдум, едно од малкуте прашања за кое не може да се организира граѓанско изјаснување е токму амнестијата од кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...