fbpx

Болест го затвори, а бирократија не може да го отвори ОУ „11 Октомври“

-

Бирократските процедури се причина што скопското основно училиште „11 Октомври“ сè уште не е отворено за настава. Според директорот на Државниот санитарен инспекторат, Ѓевѓеш Шабани, потребно е сите резултати од испитувањата што се направени во ова училиште да се архивираат за да може инспекторатот да испрати инспектор кој, ако сите испитувања се во ред, ќе одлучи учениците повторно да се вратат во клупите.

– Нема потреба од брзање – ни изјави Шаќири.

Од Општина Центар велат дека тие немаат надлежност да отворат или затворат училиште и треба само да добијат допис кога учениците повторно ќе почнат да следат настава.

Според д-р Јованка Костовска, раководител на сектор за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, сите мостри земени од училиштето покажале дека нема отстапки од нормалните вредности на испитаните параметри.

Според анализите од Центарот за јавно здравје, водата за пиење во ОУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации поголеми од дозволенте на поедини параметри, освен енормно зголемена температура во училниците кадебиле децата, минимално зголемени концентрации на сулфур водород и на јаглерод моноксид кои можат, но не мора во одреден период да го нарушат здравјето на децата.

Според Костовска, можно е во вакви случаи, во услови кога децата учат на многу висока температура, без проветрување, без доволно кислород, да се јават главоболки, гадење, па дури и повраќање.

Како што се дознава, препорачани се низа мерки што треба да се преземат во врска со хигиената во училиштето, кое деновиве е целосно дезинфицирано.

Општина Центар за утре има закажано седница на Советот со единствена точка на дневен ред, во врска со последните настани во ОУ „11 Октомври“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...