Гал Гадот, Хенри Кавел и Бен Афлек ќе играат негативци во новите „DC“ филмови

Негативците се пандан на Супермен, Бетмен и Вондервуман и всушност ќе бидат ликови од Земја-3 што е истата планета Земја, само во паралелен унивезум, а соодветствено ќе ги играат улогите на Ултрамен, Оулмен и Супервуман

Superman Batman WonderWoman image by DC

Гал Гадот – една од најубавите актерки во Холивуд која има еврејско потекло и е најпозната по својата маркантна улога на „Wonder Woman“ (Вондервуман), заедно со Хенри Кавел, познат по улогите на Супермен и Вичер, и Бен Афлек, кој го игра Бетмен, ќе бидат негативци во новите филмови на „DC“ како дел од „The Crime Syndicate“ (Синдикатот за криминал) – групација која е негативна верзија на „The Justice League“ (Лига на правдата).

Дејвид Корнсвет ќе ја преземе улогата на Супермен во најновиот филм со суперхерои што следува, а е наречен „Поглавје 1: Богови и чудовишта” и што претставува прв филм при рестартирањето на „DC“ универзумот под раководство на Џејмс Ган. Ган најави промени и нов серијал филмови со тенденција да ги надмине во гледаност дури и филмовите на „Марвел“. Во соработка е и со Питер Сафран. 

Бидејќи негативците што ги играат гореспоменатите актери се пандан на Супермен, Бетмен и Вондервуман, тие всушност ќе бидат ликови од Земја-3 што е истата планета Земја, само во паралелен унивезум, а соодветствено ќе ги играат улогите на Ултрамен (Хенри Кавел), Оулмен (Бен Афлек) и Супервуман (Гал Гадот). Фановите кои го следат развојот на најавените ликови создадоа и „фан-арт“ фотографија што е верна на стриповите, направена од „artwork by Hoυse of Mat“.

 artwork Ƅy Hoυse of Mat (shared ʋia Marʋel DC Geeks)
„artwork by Hoυse of Mat“ (преземено преку Marʋel DC Geeks).

Кога станува збор за други најавени филмови во новиот рестартиран „DC“ универзум, Џејмс Ган претходно изјави дека за следните филмови, суперхероите се веќе етаблирани, но сè уште не ги открива. Тој, сепак, кажа дека во „Поглавје 1“ ќе бидат вклучени и Грин Лантерн и Супергрл, а во исчекување е и нова верзија на Аквамен наречена “Аквамен и Изгубеното кралство” што би требало да биде реализина пред крајот на годинава.

Иако Бен Афлек имаше суперхеројски филм што пропадна, толкувајќи го ликот Дердевил, актерот како Бетмен се покажа добро и ѝ се допадна на публиката. Кога премисата е мултиверзум, сите комбинации се можни, па дури и Мајкл Китон повторно да се појави како Бетмен, иако засега актерот го употребија како негативец во Спајдермен, а Спајдермен се појавува и во „Марвел“ и во „DC“.

Како што имаме објаснето и во друг напис, ривалството меѓу „Марвел“ и „DC“ е унасилено над публиката, а всушност во стриповите вкрстувањата се честа појава. А, како што имаме спомнато, тоа ривалство е примена на Римската воена стратегија во маркетинг и економија, што е познато како паролата “Раздели, па владеј”.