fbpx

Фондацијата Метаморфозис го честита Меѓународниот ден на човековите права

-

Пред седумдесет и три години на денешен ден, 10 декември, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Од тогаш па сè до денес Членот 1 кој гласи „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“ претставува основа за развој на секое демократско општество.

Климатските промени, последиците од вирусната пандемија ковид-19 која трае веќе втора година, развојот на дигиталните технологии наметнаа бројни предизвици за зачувување на човековите права кои се под закана. Дискриминацијата и нееднаквоста се шират во сите сегменти од нашето секојдневие.

Фондацијата за интеренте и општество, Метаморфозис, го честита овој ден и повика сите да се приклучат кон промоција на човековите права и засилување во сите средини.

„Стоејќи пред крстопатот на кој секој од нас треба го одбере вистинскиот пат, Фондацијата Метаморфозис, како и досега и понатаму ќе цели кон унапредувањето и засилувањето на човековите права, кон засилувањето и унапредувањето на демократијата. Основата на нашата работа и делување е уште посилно да се залагаме и да работиме на унапредување на слободата на мислење и изразување, запирање на дискриминацијата и заштитата на приватноста, како едни од најзначајните човекови права во дигиталната сфера и вон неа, како главни предуслови за благосостојба на секој поединец во општеството и предуслов за градење на здрава и развиена демократија“, соопштија од Метаморфозис.

Оттаму додаваат дека точните и проверени информации се неопходни за носење демократски одлуки засновани на наука и клучни за градење на довербата и еднаквоста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...