Еврото падна на најниско ниво во последните 11 и пол години во однос на американската валута.
Побарувачката на доларот и понатаму се зголемува по одличните резултати на пазарот на труд во САД, затоа што пазарот сè повеќе е уверен дека Федералните резерви кон средината на годинава ќе ги зголемат каматните стапки.
Спротивно на тенденциите на монетарната политика на САД, Европската централна банка потврди дека почнала со програмата за купување обврзници, се наведува во извештајот на „Еф-Икс лидер“.