Евроскептицизмот ги дели Македонците и Албанците во однос на членството во ЕУ

Триесет отсто од испитаниците мислат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, 12% сметаат дека тоа ќе се случи за 5-9 години, a 9% сметаат дека тоа ќе се случи за повеќе од 26 години, покажува најновата анкета на Евротинк

-

И покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на Северна Македонија во Европската Унија, 53 отсто од испитаниците во земјава се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава, додека 30 проценти не мислат така, покажува последната анкета на Евротинк – Центар за европски стратегии, „Перцепции и ставови на граѓаните на РС Македонија за општествено-политичката состојба во државата, информирање и евроинтегративните процеси“.

Минатата година, 49 отсто од испитаниците се изјасниле дека влезот на ЕУ е добра работа за земјава, што значи дека процентот годинава пораснал за четири проценти.

Испитувањето на јавното мислење e направено од страна на агенцијата Бримa, преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот од 4 до 21 септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.

Триесет отсто од испитаниците мислат дека С.Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, 12 проценти сметаат дека тоа ќе се случи за 5-9 години, a 9 отсто сметаат дека тоа ќе се случи за повеќе од 26 години.

Принтскрин, анкета на Евротинк

Интересен е податокот во однос на етничката припадност на испитаниците кои сметаат дека членството на С.Македонија во ЕУ е добра работа. Податоците покажуваат дека главната поделба во однос на довербата во ЕУ е на етничка основа. Па така, дури 90,2 отсто од етничките Албанци и само 40,6 отсто од етничките Македонци во членството на ЕУ гледаат позитивна работа.

Повеќе од 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека односот на ЕУ кон земјава е нефер, надмен и уценувачки, додека 27,5 проценти рекле дека односот е фер, пријателски и коректен.

Најголем процент од испитаниците кои гледаат закана од некоја држава или меѓународна организација, сметаат дека во овој момент тоа е Бугарија (повеќе од 75 отсто). Овој одговор е најчест помеѓу етничките Македонци (44 отсто) и поддржувачите на ВМРО – ДПМНЕ (89,7 проценти), а кај СДСМ изнесува 80,4 проценти.

Како второспомената „закана” е спомената Русија (6,3 отсто), по воената инвазија во Украина, и овој одговор е повеќе присутен кај помладите испитаници и испитаниците од албанска националност.

Принтскрин, анкета на Евротинк

Како најголем пријател испитаниците ја гледаат Србија, со 39,6 проценти, а потоа следуваат САД (13,7 отсто), Турција (10 проценти), следуваат ЕУ, Германија, Косово, НАТО и Русија (2,3 отсто).

Во однос на фундаменталните општествени вредности, високи 56 отсто од испитаниците сметаат дека нема демократија. Ова, според компаративните податоци, се смета пад за 5 отсто, споредено со 61 проценти кои се изјасниле во 2022 година.

Анкетата покажува дека информирањето преку интернет (56 отсто) и преку ТВ (43 отсто) се двата најмногу користени начини на информирање за политички вести на испитаниците. Од интернетот, социјалните мрежи, пак, се покажуваат како највисоко рангиран извор за политички информации, со 87 отсто од максималните 100. Онлајн порталите се значително послабо рангирани со освоени 24 отсто, а онлајн платформите на постоечки радио станици или ТВ канали се рангирани со само 7 проценти.

Принтскрин, анкета на Евротинк

Дизајнот на примерокот во истражувањето е направен според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021 според следниве варијабли: етничка припадност, региони (8 статистички региони во С. Македонија) и населено место.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“: Програма на граѓанското општество за учеството на медиумите во преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ спроведуван од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, во партнерство со АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...