Европската недела на мобилност се одбележа со локални младински акции низ неколку градови

Европската недела на мобилност се фокусира на различни аспекти, а оваа година става акцент на темата „Штеди енергија” со повеќе тематски области како јавен транспорт, активна мобилност, минимизирање на зависноста од автомобили, управување со мобилност и инфраструктурни решенија

Илустрација: Гоу Грин

„Гоу Грин” Скопје ја одбележа Европската недела на мобилност со локални младински еко-акции.

Европската недела на мобилност се фокусира на различни аспекти, а оваа година стави акцент на темата „Штеди енергија” со повеќе тематски области како јавен транспорт, активна мобилност, минимизирање на зависноста од автомобили, управување со мобилност и инфраструктурни решенија.

Локалните акции беа спроведени во Скопје, Прилеп и во Гостивар, а во тек е и акција во Куманово.

Во Скопје, еко-активистите со акција на бул. Трета македонска бригада наречена  „сенки за микромобилност“ го адресираа проблемот со недостаток на дрвја и природни сенки и бараат создавање подобри услови за микромобилност (пеш, тротинет, велосипед).

Во Прилеп младите еко-активисти со акција на ул. Прилепски бранители наречена „црвен тепих“ застапуваа решавање на недостаток на велосипедски патеки. Тие бараат подобрување на вело-инфраструктурата што ќе им овозможи подобри услови на граѓаните за одржлив транспорт.

Во Гостивар се изведе акција на ул. Живко Брајковски наречена „Тука сакаме вело патека“ во која исто така лоцираа улица на која сметаат дека е неопходно да се постави велосипедска патека.

Во Куманово локалната еко-акција е во тек и еко-активистите до крајот на месец октомври ќе достават барање до општината и ќе ја спроведат локалната акција.

Активностите се дел од проектот „Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“.