Еуросупер БС 95 се намалува за два денари за литар

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 78,5 денари за литар, а литар ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 69,5 денари

-

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари за литар, па од полноќ цената ќе изнесува 74,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,5 денари, литар ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 69,5 денари, цената на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 68,5 денари и килограм мазут чини 44,7 денари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...