Поднесено е барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија што со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност, соопшти попладнево Јавното обвинителство.
Барањето е поради случајот со пожарот од вторникот кај Расадник во скопската општина Кисела Вода.
Како што соопштија од обвинителството, детето кое е на возраст од 14 години, заедно со уште две деца помали од него, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник. Како последица на тоа, настанал пожар што поради ветрот брзо се проширил на околната сува трева и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на струја.
„Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, велат од Јавното обвинителство.
Бидејќи другите две деца не наполниле 14 години, не се кривично одговорни.
Пожар изби во Расадник, се шири кон бензиската пумпа и станбените згради