fbpx

Еуростандард банка воведе бескаматен кредит само за здравствените работници

-

Еуростандард банка одлучи да воведе нов потрошувачки кредит наменет за вработените во здравствените установи, под исклучително поволни услови. Како што  соопштија од Банката, таканаречениот, „Кредит Плус“ е со 0 отсто камата за првите три месеци, 0 отсто провизија за обработка, 0 отсто за административни трошоци, како и 0 отсто за предвремена отплата. Износот е до 900.000 денари, во зависност од кредито-способноста на кредитобарателот, a рокот на отплата е до 10 години односно на 120 рати.

„Нашата држава, како и остатокот од светот, се наоѓаат во една исклучително тешка положба. Пандемијата на КОВИД-19 зема сè поголем замав, а здравствените работници се на првата борбена линија, кои ставајќи го своето здравје во ризик се обидуваат да им помогнат на останатите. Досега не се случила ваква понуда во овој сектор, односно да биде понуден кредит со каматна стапка од 0 отсто. Се надеваме дека нудејќи ги овие екстра поволни услови, на наш начин ќе им излеземе пресрет на здравствените работници во оваа кризна состојба“, изјави Маја Шуклева Камчева, директор на Секторот за работа со физички лица во Еуростандард банка.

Потрошувачкиот кредит „Кредит Плус“ може да се искористи и за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, како и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, што ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...