fbpx

Ескпертите сметаат дека е потребен итен ребаланс на буџетот за справување со кризата

-

Меѓународните експерти и финансиски институции го влучија алармот дека 2020-та ќе биде година на економско преживување, а со рецесија ќе се соочат и развиените економии. Во очекување на мартовските податоци за состојбата со буџетската каса, кај нас е јасно дека првите симптоми на Ковид-19, во буџетот ќе ги има веќе во март, пишува неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Владата тврди дека се разработени три сценарија со кои ќе се „спасува“ економијата, опозицијата обвинува дека мерките се конфузни и недоречени. Економистите велат дека сегашните буџетски позиции се неодржливи и потребен е итен ребаланс.

Анализата за економските последици од корона вирусот што ја направи Виенскиот институт за економија покажува дека рецесијата им се заканува на сите земји од Централна, Јужна и Источна Европа, но економиите кои не се презадолжени и имаат простор за заеми, ќе го ублажат ударот и ќе добијат и шанса да го избегнат кризното цунами.

„Земјите со поголем фискален простор за стимулирање на своите економии и ефикасен здравствен систем ќе бидат во состојба подобро да го совладаат неизбежниот економски пад,“ се наведува меѓудругото во анализата.

Дел од експертите во земјава оценуваат дека нашата економија ќе се соочи со пад, а колку тој ќе биде, ќе зависи од мерките што ги презема Владата.

„Во услови на криза во светски рамки, предизвикана од корона вирусот, економската состојба не само што не може да биде добра, туку уште помалку ветува некаква надеж за економски раст и развој. Негативните импликции од кризата најпрвин ќе се манифестираат врз намалување на стапката на економски раст, а тоа значи намалување на понудата на стоки и услуги од домашно потекло, зголемување на увозот, пред се на стоки за широка потрошувачка, намалување на нарачките на странските партнери, намалување на странските инвестиции, намалување на износот на дознаките од нашите иселеници, а сето ова пак негативно ќе влије врз состојбата на тековната и финансиската сметка. Доколку ваквата состојба трае подолго, веројатно ќе се соочиме со состојба на рецесија, со дефицит во платниот биланс, кој  ќе мора да се покрие со дополнително задолжување или со топење на девизните резерви,“ вели за „Порталб.мк“ професорот Семи Бислими.

Она што досега се оценува како позитивно и имуно на економската криза која тропа на врата, е стабилноста на курсот на денарот, сметаат економистите. Според податоците од Народна банка, во моментов девизните резерви се на ниво повиоко од три милијарди евра, далеку повисок износ од оној во кризната 2008-та година. Но, останува клучното прашање, како државата ќе ги сервисира своите обврски во услови на очекуван пад на приходите.

Универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски смета дека ребаланост на буџетот е неопходен за да се утврдат вистинската состојба и да се прецизираат парите кои ќе се пренаменуваат и кратат.

„Состојбата во монетарниот и банкарскиот сектор во Македонија традиционално е добар заради долг временски континуитет на спроведување на конзервативни политики, што се еден од столбовите на нашата макроекономска стабилност. Стапката на инфлација е ниска и прифатлива, курсот на денарот е стабилен и поткрепен со ниво на девизните резерви што се високи и над ниво на проектираниот четиримесечен увоз на земјата. Меѓу другото, убеден сум дека за ова е потребен многу брз ребаланс на буџетот за 2020 година. На сите ни е јасно дека движењето на економијата ќе е многу слично со она на епидемијата, но обратно-пропорционално, односно колку повеќе расте епидемијата, толку побрзо економските активности ќе се намалуваат и обратно. Затоа ние, но и целиот свет, сега имаме само една важна задача, да ја насочиме економијата во борба со епидемијата и да ја оспособиме да е во насока на јавниот интерес. Тоа може да има и своја висока цена во ликот на можна подлабока рецесија и раст на и онака високата невработеност во земјава, но тоа сега е второстепена цел во однос на првостепената, победување на епидемијата и пандемијата што се чинат дека ќе бидат многу отпорни. Во таа цел Владата има решавачка улога,“ вели Поповски.

Владата во неколку наврати објави мерки со кои се таргетира приватниот сектор заедно со граѓаните кои ќе останат без работа во овој кризаен период. Според опозицијата досега објавените пакети се конфузни и недоречени.

Универзитетскиот професор Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост.

„Да потсетам дека уште на почетокот на март, ние ѝ препорачувавме на Владата, под итно да подготви план за справување со рецесијата која што доаѓа. Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и накој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата. Навистина е нејасно, како после толку изминато време, Владата си дозволи да предложи мерки кои се недоречени и конфузни, на пример околу опфтеноста на субјектите, со изговор дека истите ќе бидат дообјаснети во уредбите со сила на закон што треба да уследат,“ смета Славески.

Првите буџетски симптоми на коронав ирусот треба да се појават во април, на почетокот од вториот економски кавртал, во кој се влегува со вонредна состојба во која под клуч беа ставени туризмот и угостителството, а на принуден одмор веќе се испратени и работници од дел од поголемите производствени капацитети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...