fbpx

Еко-активистите одбиваат средба со Нуредини, бараат „дела, а не состаноци“

-

Не прифаќаме средба со вас, господине Нуредини се додека не ги исполните сите седум барања на Националната коалиција на граѓански организации и иницијативи за заштита на животни и животна средина „Зелен фронт“ до вас и до останатите органи на државната власт кои побаравме да ги исполните со цел да покажете вистинска волја за решавање на многуте горливи проблеми кои се содржат во т.н. Зелена книга што произлезе од „Маршот за чист воздух“ одржан на 29 ноември. Ова е одговорот на „Охрид СОС“, едно од граѓанските здруженија кои се организатори на протестите за чист воздух што се одржаа на 29 минатиот месец и на 22 декември во Скопје на поканата која министерот за животна средина, Насер Нуредини им ја упати за утре.

„Поканата за средба ја испраќате иако на нашето барање и на отвореното писмо да ја поднесете до Рамсарскиот секретаријат номинацијата за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато за Рамсарско подрачје недвосмислено застанавте на страната на службеници во министерството кои очигледно си ја злоупотребиле својата должност и работеле на штета на јавниот интерес. Немаме ни трошка толеранција за непотребно одолговлекување, смешни изговори и отворена злоупотреба на должност од страна на функционери и службеници кои се платени од нашите пари посебно по јавното бламирање на заменик-министерот Јани Макрадули кој во очаен обид да ја „смири“ јавноста на прес-конференција презентираше низа лажни информации околу со загадувањето“, велат од „Охрид СОС“, потсетувајќи на, како што велаат – „непримерниот однос на Макрадули кон граѓанските активисти“ на последниот состанок на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

„Бараме дела, не зборови, му порачаа на Нуредини од Охрид СОС, а за да ги видиме делата не ни требаат состаноци“ се вели во одговорот на „Охрид СОС“ на поканата од Министерството за животна средина.

За утре министерот за животна средина Нуредини работна средба со граѓанскиот сектор, за, како што беше кажано, да се споделат информации во врска со преземените и планираните идни активности за решавање на проблемот со загадувањето и размена на мислења во однос на евентуални нерешени и отворени прашања.

„Мета.мк“ дознава дека и повеќе други граѓански иницијативи донеле одлука да не појдат на утрешната средба со Нуредини затоа што не се исполнети седумте иницијални барања на „Зелениот фронт“.

Граѓанската иницијатива О2 инаку денес со критики за последната седница на Советот за безбедност, на која се расправаше и за еарозагадувањето бидејќи не беа донесени никакви заклучоци или препораки до надлежните институции за решавање н проблемот.  „Очекуваме во најбрз рок претседателот Пендаровски да свика седница на Советот за безбедност каде прашањево ќе се третира како закана по националната безбедност, очекуваме да бидат повикани експерти кои најдобро го познаваат проблемот, а не политички претставници и да бидат изнесени информации за илегални активности во оваа област кои ги поседуваат службите, вклучително и информации кои ги поседува италијанскиот национален обвинител за борба против мафијата и тероризмот, Федерико Кафиеро Де Рахо“, се вели во реакцијата на О2 Иницијативата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...