fbpx

ЕК: Оставките се конкретен чекор кон политичка одговорност

-

На прашање на „Мета“ до Европската комисија дали има реакција за оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, одговори дека „е констатирана важната најава за оставки во Владата, што е конкретен чекор кон политичка одговорност во овој контекст“.

– Се надеваме дека овој развој, исто така, ќе придонесе за враќање на довербата во државните институции – додаде Коцијанчич.

ЕК ги повика сите страни конструктивно и без одложување да се ангажираат во политички дијалог за да се стави крај на долгата политичка криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...