fbpx

Едмонд Темелко и официјално кандидат за нов градоначалнички мандат на општина Пустец

-

Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција, на конвенција го утврди кандидат за градоначалник на општина Пустец за претстојните локални избори во Албанија, кои ќе се одржат на 21 јуни годинава.

Делегатите од населените места Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Леска, Пустец, Зрноско и Церје за кандидат за градоначалник на општина Пустец го утврдија досегашниот градоначалник, Едмонд Темелко.
Извршниот одбор на општинската организација дополнително ќе ги евидентира 15-те кандидати за советници во Советот на општина Пустец, пренесува весникот „Македониум“.

– Пред четири години понудивме амбициозна програма. И покрај ограничените изворни приходи на Општината, поголемиот дел од ветувањата ги остваривме. Гордо сме исправени пред избирачите, пред Македонците, кои ги повикуваме повторно да го дадат својот глас за Македонска алијанса за европска интеграција, затоа што македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците можеме и мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија – истакна во пригодното обраќање Едмонд Темелко.

Обраќања пред делегатите имаа генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, потпретседателот, Таќо Гроздани, како и претседателот и потпретседателот на општинската организација Преспа, Андон Јани и Спасе Мазенковски.

На овие локални избори Македонска алијанса за европска интеграција ќе коалицира со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и освен во општина Пустец, со свои листи за советници ќе настапи во повеќе општини во Албанија каде живее македонско население.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...