fbpx

Единството во СИРИЗА на стаклени нозе

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас викендов ќе ги направи последните напори да се избегне влошување на европската перспектива за Грција и можно исклучување од еврозоната. Со поддршка од 251 од 300 грчки пратеници, преседан и мнозинство како никое досега, Ципрас и министерот за финансии, Евклидис Цакалотос, викендов ќе се борат за европските кредитори да се согласат на мерките и на реформите што ги предлага Грција, голем број од кои се против убедувањата и ветувањата на СИРИЗА.

Меѓутоа, борбата во Брисел не е и последна за Ципрас. Доколку пакетот мерки добие зелено светло од европските кредитори, Ципрас, штом се врати во Атина, го очекува нова борба со неговата партија, неизвесност за стабилноста на владата, прашања за можна реконструкција, дури и можни предвремени избори.

– Националните претставници ѝ дадоа на владата силен легитимитет за завршување на преговорите за постигнување економски одржливо и социјално праведно решение. Приоритет е позитивен исход од преговорите. Сè друго – во свое време –  истакна Ципрас, оставајќи ги картите отворени за иднината на владата откако ќе се завршат преговорите.
Причината е „непослушноста“ на 17 пратеници од владејачката коалиција, кои вчера не застанаа зад Ципрас, туку гласаа против или беа воздржани или отсутни и покажаа јасно несогласување со мерките. Меѓу нив е и претседателката на собранието, Зои Константопулу, која важи за човек од доверба и близок соработник на Ципрас и која со гласот воздржана, зададе сериозен удар за довербата и за поддршката на грчкиот премиер и за неговата одлука да се погазат црвените линии и да се прифатат тешки мерки за да се избегне потенцијална катастрофа. Поразителна беше и воздржаноста на двајца министри, Панајотис Лафазанис и Димитрис Стратулис, кои го покреваат прашањето за потребата од реконструкција на владата, но и острата критика од коалицискиот партнер, Панос Каменос, кој ги оцени мерките како противуставни.

Покрај тој од 17-те пратеници, вчера Ципрас доби дополнителен удар и од група други 15 пратеници од СИРИЗА, кои испратија писмо дека го поддржале премиерот, но сакале да гласаат против и на следното гласање нема да ги поддржат мерките.

Овие чекори од пратеничката група на СИРИЗА, која изгледа не е подготвена да му прости на Ципрас што прифаќа мерки против кои се бунтуваше партијата и покрај неговото признание дека се направени грешки, но нема друг пат бидејќи Грција е веќе пред минско поле, јасно покажуваат дека Ципрас нема да добие поддршка ниту за гласање на пакетот мерки доколку тој добие зелено светло. Оттука се покрева дилемата дали Ципрас ќе продолжи да ја води државата во истиот состав или ќе направи драстични промени од реконструкција до потенцијална влада за национален спас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...