fbpx

Двојно убиство во Париз, ИД ја презеде одговорноста

-

Маж во Париз убил полицаец, а членовите на неговото семејство ги земал како заложници. При акцијата, полицијата го убила напаѓачот, детето е спасено, а мајката ја пронашле мртва.

Во полициската акција убиен е и еден полицаец.

Исламска држава тврди дека полицаецот и неговата жена ги убил нив приврзаник, „војник на калифатот“.

Мажот кој е идентификуван како 25-годишниот Лароси Абала му нанел на полицаецот девет убодни рани во стомакот.

Како што наведува француската полиција, напаѓачот бил сосед на семејството.

Полицијата претходно се обидела да преговара со Абала, по што упаднала во куќата и го убила. Претходно напаѓачот на „Твитер“ напишал дека ја убил мајката на детето.

Абала во 2013 година е осуден поради поврзаност со џихадистичка организација која оперира помеѓу Франција и Пакистан. Тој бил осуден на три години затвор, од кои шест месеци на условно за „заговор и здружување за извршување терористички напад“.

Очевидци говорат дека Абала викал „Алаху акбар“ (Господ е голем) за време на нападот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека убиството на полицаецот претставува кукавички терористички чин. И портпаролот на владата, Стефан ле Фол, исто така изјави дека се работи за терористички напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...