fbpx

ДУИ: Обвинувањата на Заев се извадени од контекст

-

ДУИ преку соопштение  ги демантира сите обвинувања искажани на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и нагласува дека станува збор за „обвинувања кои ги има само во неговите најави“.

„Самиот факт што разговорот на претседателот на партијата со претседателот на разгранокот од Чаир, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје, (а за што ќе презентираме докази), се претставува како криминал, зборува за вистинската намера на прес-конференцијата“, пишува во соопштението.

ДУИ нагласува дека останува на ставот да се објават сите прислушувани разговори кои се однесуваат на партијата, без притоа да се извртат.

Во соопштението пишува и дека ако низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но, исто така, ако се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозни вадења од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото би требало јавно да се каже.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...