fbpx

Заев се сретна со Бајер, амбасадорот на Австрија

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Сања Лукаревска, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска се сретна со Томас Михаил Бајер, амбасадорот на Австрија.

Како што соопштуваат од СДСМ, на средбата се разговарало за отворањето преговори меѓу власта и опозицијата и за начините за решавање на политичката криза.

Заев рекол дека нормализација и демократизација на државата и на институциите е можна само преку организирање влада која ќе има задача да ја подготви земјата за организирање фер и демократски избори.

„За демократски и фер избори, потребни се подготовки и оттаму е потребата за функционирање на таквата влада, без учество на Груевски и на инволвираните во инкриминирачките активности на власта, најмалку шест месеци пред изборите. Притоа потребни се и механизми за меѓусебна контрола на и во институциите, со што ќе се создадат услови за враќање на демократското функционирање на државниот систем“, рекол Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...