fbpx

Државниот инспекторат за животна средина одлучи да го затвори „Југохром“

-

Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на комбинатот „Југохром“ поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече вчера. Оваа одлука ја соопшти министерот за животна средина, Башким Амети, кој претпладнево се сретна со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– Денеска ја информирав Арифи дека инспекторатот донесе одлука за затворање на „Југохром“. Ова решение е донесено врз база на сите законски прописи, иако со оваа одлука не се согласуваат сите засегнати страни. Да се донесе ваква одлука е тешко, имајќи ја предвид социјалната димензија и луѓето кои работат таму, но, сепак, сметаме дека здравјето на граѓаните е пред сè – изјави министерот Амети.

Градоначалничката Арифи ја поздрави одлуката на Државниот инспекторат за животна средина.

– Нашите позиции како локална власт се јасни. Многу е важно овој комбинат да не работи во зимскиот период, кога воздухот е најзагаден – изјави Арифи.

Од раководството на комбинатот велат дека интензивно работат на прилагодување кон еколошките стандарди, односно на изградба на систем за отпрашување. Според генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, филтер-станицата не била изградена во предвидениот рок затоа што била сложена процедурата за добивање на дозволата за градба.

Сепак, конечната одлука за затворање на „Југохром“ треба да ја донесе Владата на една од наредните седници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повеќе од 11.000 учесници на скопските улици: Заврши 19то издание на Виз Ер Скопски маратон

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот...