fbpx

Државниот грб ќе се смени, за знамето не се разговарало

-

По најавите на Владата за промена на државниот грб, во јавноста се појавија шпекулации дека тоа е вовед и во промена на знамето.

Од Владата ова го негираат и велат дека досега за тоа не се разговарало, но не откриваат дали постојат вакви планови за понатаму.

– Досега не сме разговарале за тоа – ни изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. На прашањето дали има планови Владата за тоа да расправа во иднина, Ѓорѓиев кусо прокоментира „веќе ви го кажав одговорот“.

Хералдичарите од Македонското хералдичко здружение (МХЗ), кои ја поздравија промената на грбот, сметаат дека знамето не треба да се менува. Петар Гајдов, потпретседателот на здружението, смета дека знамето не треба да се менува во пакет со грбот.

– Мое лично мислење е дека нема потреба од менување на државното знаме во пакет со грбот. Досега, преку јавни дебати и преку објаснувања од страна на колегите хералдичари, како и професорите историчари, повеќепати беше објаснета потребата за промена на државниот грб. Оттука, вниманието е насочено само кон грбот и за него се расправа од стучен аспект, како и од аспект на хералдичките стандарди – вели Гајдов.

Ист став има и неговиот колега и претседател на МХЗ, Јован Јоновски, кој вели дека би било многу ако се промени и знамето.

– Знамето еднаш го сменивме, мислам дека сега нема потреба од тоа – ни рече Јоновски.

На новиот државен грб ќе стои разгневен црвен лав на жолт штит.

Македонското знаме се смени на 5 октомври во 1995 година.

Тогашната Влада го задолжи архитектот Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме на државата. Собранието воопшто не расправаше за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зеде последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето.

Во периодот од 1991 до 1995 година, како симбол за знамето се употребуваше ѕвездата од Кутлеш, на што Грција жестоко се противеше.

Првиот предлог за знаме на Македонија, односно она со ѕвездата од Кутлеш, беше поднесен до Собранието од Тодор Петров на 6 август 1992 година.

И денес ова знаме го користат македонските заедници и организации во Македонија и во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина новинарот Иван Андреевски

Вчера на 77 годишна возраст, ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Веста ја соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Андреевски е роден во 1947 година во Доленци, Демирхисарско....