fbpx

Утре ќе бидат промовирани резултатите за отвореноста на извршната власт

Индексот на отвореност ги проценува перформансите на извршната власт во областа на доброто владеење, што се фокусира на четири столба: пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност, со заеднички домен присутен во сите четири столба – отворени податоци

-

Настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи утре, среда, со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

На настанот ќе бидат промовирани најновите резултати од мониторирањето на отвореноста на извршната власт изведена преку Индексот на отвореност на национално ниво, и ќе се споредат со резултатите од претходните години. Низ дискусија ќе се презентираат научените лекции и добрите практики преку кои може да се подобри транспарентноста на институциите.

На настанот, како што соопштија од Фондација Метаморфозис, ќе се дискутира и за Партнерството за отворена власт и ќе се претстават заложбите од шестиот Национален акциски план.

Индексот на отвореност ги проценува перформансите на извршната власт во областа на доброто владеење, што се фокусира на четири столба: пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност, со заеднички домен присутен во сите четири столба – отворени податоци.

Примерокот на таргетирани институции се состои од Генералниот Секретаријат на Владата, 16 министерства и 19 случајно избрани извршни органи во состав на министерствата.

Настанот е дел од синергија помеѓу проектите „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество-Македонија, и проектот „Користење на новите медиуми за промовирање на владината транспарентност” кој го спроведува Фондација Метаморфозис како дел од партнерскиот конзорциум ACTION SEE со финансиска поддршка од Националниот фонд за демократија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...